Убиство во Струга, маж си ја усмртил сопругата

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

Убиство вечерва се случи во Струга, откако 39 годишниот маж во семејниот стан си ја убил пет години помладата сопруга. Во 19:15 часот пријавено е дека во Струга, на ул. „Ристо Крле“ при расправија со својот сопруг, С.Р. (1987г.) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски. Младиот брачен пар имале и малолетни деца.

Смртта ја констатирала екипа на итната медицинска помош. Во инцидентот повреден е Ј.Р. (1982г.).

Неофицијално, најпрво мажот со нож ја заклал сопругата, а потоа се обидел да се самоубие. Сопругот е пренесен во болница и е во животна опасност.

Истражните органи работат на расветлување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот