УБИСТВО ОД НЕБРЕЖНОСТ: Човек од Северна Ирска обвинет за смртта луѓето кои беа транспортирани во ладилник

Фото: Профимедиа

Државјанин на Северна Ирска е обвинет по повеќе точки за убиство од небрежност, во врска со отркивањето на 39 мртви тела во близина на Лондон минатата недела, објавија денес ирските медиуми.

Еден од луѓето кои го организирале транспортот на луѓе, Имон Харисон (23), се појави пред судот во Дабилн каде се соочи со 41 точка на обвинение, откако беше уапсен по европски налог, пренесува „Ројтерс“.

Претходно денес, британската полиција соопшти дека трага по двајца браќа од Северна Ирска, кои се сметаат за „клучни за истрагата“.

Апсења во Виетнам

Виетнамската полиција денес уапси две лица, а неколку се приведени за распит, под сомниение дека се вмешани во смртта на 39-те лица чии тела беа пронајдени во камионот-ладилник минатата недела во близина на Лондон, соопштија властите во таа земја.

– Откако на десет семејства од Виетнам пријавија дека роднините им се исчезнати, стравувајќи дека некои од нив се меѓу жртвите, регионалната полиција во Ха Тин започна истрага под сомниенијата за трговија со луѓе – се наведува на официјалниот сајт на полицијата.

Во рамки на истрагата се уапсени две лица, а останатите се приведени на сослушување.

Полицијата во земјата ќе истражи и слични инциденти кои се случија во изминатите пет години, пренесува „Ројтерс“. Виетнамскиот премиер на 26 октомври нареди започнување на ваква истрага, откако британската полиција изрази сомненија дека починатите во камионот се од Виетнам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот