УБИСТВО ЈА ПОТРЕСЕ ИРСКА: Му ги отсекле главата и екстремитетите на малолетник, па му го предале телото на нарко бос

Ирска полиција / Фото Архива

Убиецот и неговиот помошник го избоделе 17-годишникот до смрт, а потоа го искасапиле телото и го ставиле во вреќа.

Малолетник во Ирска бил избоден повеќе пати, а двајцата напаѓачи потоа му ја отсекле главата и екстремитетите, тврди локалната полиција.

Кин Малреди Вудс (17), како што наведуваат тамошните медиуми, буквално е распарчен, а убијците му ја отсекле главата и екстремитетите, а телото се претпоставува дека му го предале на еден нарко бос како порака.

Се претпоставува дека напаѓачите исечените врвови од прстите на жртвата, пред да му ги исечат екстремитетите – рацете и нозете, ги фрлиле на улица. Еден од изворите блиски до истрагата открил дека убијците тоа го сториле за да ги отстранат можните остатоци од ДНК под ноктите.

Убиецот и неговиот помошник го избоделе 17-годишникот до смрт, а потоа го искасапиле телото и го ставиле во вреќа. Медиумите наведуваат дека Кин сепак се борел.

– Еден од двајцата осомничени има одбранбени рани. Полицијата се сомнева дека му ги отсекле врвовите на прстите за да не бидат пронајдени – вели неименуван извор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот