Убил рецепционер заради Гучи ранец, го чека доживотен затвор

Самуел Одупитан (23) од Кројдон во Лондон го избоде до смрт Тајлер Рој (24) кој имал Гучи ранец од 890 евра. Како што пренесуваат британските медиуми убиецот може да се соочи со доживотна казна затвор, откако судот денес пресуди дека тој е виновен. 

Одупитан ја следел својата жртва. Рој бил забележан дека излегувајќи од трамвајот носел Гучи ранец во моментот кога обвинетиот го прободел пет пати.

Злосторството се случило на 23 февруари, а судот пресудата за Одупитан ќе ја соопшти на 7 декември. Една од можните казни е доживотен затвор.

Случајните минувачи го пренеле Рој во болница, но тој починал таму при интервенцијата на лекарите кои се обиделе да го спасат. Аортата и белите дробови му биле фатално повредени.

Жртвата се враќала од работа во 23 часот, тој работел како хотелски рецепционер.

Во 2018 година, населбата Кројдон во јужен Лондон беше една од најопасните области во градот, а особено е „позната“ по убиствата со ножеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот