Убиено 10-годишно девојче во Пакистан: Таткото смета дека било силувано

Жени од Пакистан/ Фото Архива на СП

Десетгодишно девојче од Пакистан се водело како исчезнато пет дена, откако исчезнала на 15 мај, а денеска било пронајдено нејзиното мртво тело.

Семејството на убиеното девојче тврди дека полицијата ги игнорирала кога се обиделе да го пријават исчезнувањето, пишува Би-Би-Си.

Случајот бил регистриран дури четири дена посчезнувањето на девојчето, односно на 19 мај.

„Полицијата воопшто не ни помогна“, рекол таткото на девојќето.

Тој рекол дека полициските службеници, кога тој го пријавил исчезнувањето на десетгодишната ќерка, му рекле дека таа веројатно побегнала со некого.

„На нејзиното тело беа забележителни знаци на силување и мачење. Изгледа дека некој фрлил киселина на нејзиното тело“, изјавил таткото на убиеното девојче за „Си-Ен-Ен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот