Убиениот во Ново Лисиче бил кошаркар на МЗТ Скопје

Седумнаесет годишен кошаркар на МЗТ Скопје, Никола Христовски, кој играл за кадетите и јуниорите на „штрковите“ е тинејџерот кој синоќа смртно настрада во тепачка во скопската населба Аеродром, откако бил избоден со нож од една година постар тинејџер, пренесува Спорт1.мк.

Тепачката се случила синоќа после полноќ на улицата „Февруарски поход“ во Ново Лисиче, откако една вербална расправија се претворила во трагедија во која 18 годишникот го избодел кошаркарот на МЗТ Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот