Убиени неколку пакистански полицајци при напад на талибанците

Офанзива на талибанците. / Фото: ЕПА

Најмалку четворица пакистански полицајци се убиени, а шестмина се повредени при напади на талибанските милитанти во северозападен регион на земјата во близина на границата со Авганистан.

– Милитантите прво извршија вооружен напад врз контролен пункт во регионот Лаки Марват во провинцијата Кибер-Пахтунхва, при што синоќа беа повредени најмалку шест полицајци, изјави полицискиот претставник Мохамед Ишфак.

Тој додаде дека потоа конвој налетал на поставена бомба при што загинале најмалку четворица полицајци.

Пакистанските талибанци ја презедоа одговорноста за нападите.

Нападот уследи неколку дена откако талибанските милитанти убија висок офицер на пакистанската разузнавачка агенција.

Пакистанската војска од јануари ги интензивира операциите во северозападниот пакистански регион откако талибански бомбаш самоубиец уби најмалку 84 лица, главно полицајци, во џамија лоцирана во близина на седиштето на полицијата во градот Пешавар.

Изминатите децении во напади на пакистанските талибанци убиени се околу 80.000 луѓе. Тие беа потиснати од нивните упоришта на авганистанската граница во серија офанзиви од 2014 година, но се обидуваа да се прегрупираат по заземањето на Кабиуул од страна на авганистанските талибанци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот