Убиени 40 цивили за 24 часа во Авганистан

Деца за време на немирите во Авганистан/Фото: EPA / HEDAYATULLAH AMID

Најмалку 40 цивили загинаа, а повеќе од 100 се повредени во изминатите 24 часа во борбите меѓу авганистанските владини сили и Талибанците во опколен јужен град Лашкаргах, се вели во соопштението на ОН.

Мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан изрази „длабока загриженост” поради состојбата на цивилите во Лашкаргах, главниот град на провинцијата Хелманд, и повика на „итен прекин на борбите во урбаните области”. Во меѓувреме, висок авганистански командант побара цивилите да бидат евакуирани од Лашкаргах пред офанзивата на војската против Талибанците.

„Ве молиме, заминете што е можно поскоро за да можеме да ја започнеме нашата операција”, повика генералот Сами Садат, командант на 215 -от корпус на авганистанската армија во Мајванд во соопштение.

Копнената офанзива на Талибанците и воздушните напади на авганистанските сили предизвикуваат најголема штета, забележа мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан (УНАМА) во серија твитови.

Талибанците ги засилија своите напади низ целата земја откако меѓународните сили во Авганистан го почнаа своето повлекување, при што освоија значителна територија, особено во руралните области, потсетува германската агенција ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот