Убиена мајката на советничката на Рамуш Харадинај (ФОТО)

Газета Експрес

Жената која беше убиена денеска во Призрен со 15 куршуми од нејзиниот сопруг, е мајката на потпретседателката на Алијансата за иднина на Косово и политичката советничка на косовскиот премиер во заминување, Рамуш Харадинај, Диелза Хоти. Хоти исто така е и лидер на младината на оваа партија, пренесува Газета Експрес.

Самата Хоти ја објави веста преку фотографија што ја сподели на Инстаграм.

„Почивај во мир моја мајко, ангел мој“, напишала ќерката на покојната.

Досега се знае дека 42-годишната жена била убиена по расправија што ја имала со нејзиниот сопруг, 20 години постар, 61-годишниот Б.В., со кој биле во брак неколку години.  Двајцата се вратиле од одмор во Швајцарија.

Газета Експрес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот