УБИЕНА И ФРЛЕНА ВО КОНТЕЈНЕР: Разрешен случајот кој 15 години беше мистерија за руските полицајци

Уфа, главниот град на руската република Башкортостан / Фото: Профимедиа

Во септември 2004 година, 17-годишната девојка од рускиот град Уфа се шетала во градот, кога пијан таксист на улица на нападнал, барајќи да му ги врати парите кои наводно му ги должела за такси-услуга, објави „Србија данас“.

По 15 години од убиството на 17-годишната девојка во престолнината на руската република Башкортостан, полицијата конечно го пронајде убиецот и го расветли убиството.

Надлежните дознаа дека девојката која била нападната од пијаниот таксист, поради тоа што мислел дека и должи пари, воопшто не го познавала човекот.

Тогаш 32-годишниот таксист, сфатил дека нема да добие пари од девојката, поради што се налутил и започнал да ја тепа, а кога паднала продолжил да и нанесува удари со нозете се додека не прекинала да покажува знаци на живот. Тогаш, нејзиното тело го фрлил во контејнер и побегнал.

Во долгите 15 години, службениците во полицијата се обидуваа да го го пронајдат сторителот на бруталното убиство на тинејџерката, а потоа се заинтересирале за случајот за таксисот кој е во затвор поради криумчарење на дрога.

Таксистот го признал делото и сега од затворска келија чека судење за бруталното убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот