Убиен за време на видео повик: Маж го избодел својот татко додека имал онлајн конференција на Зум

Маж од Њујорк бил избоден до смрт за време на конференциски видео повик во кој учествувал преку интернет сервисот Зум.

Како што известуваат американските медиуми, убиецот бил неговиот син, а другите учесници на видео повикот, кои биле сведоци на вчерашното убиство, повикале итна помош.

Откако го избодел 72-годишниот Двајт Пауерз, 32-годишниот Томас Скали-Пауерз избегал и скокнал од прозорот, при што се здобил со полени повреди, за по еден час да биде уапсен блиску од местото на настанот.

Тој моментално се наоѓа во болница, заради што уште не е одреден датумот за негово појавување пред суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот