Убиен професор кој бил на прагот на многу значајни наоди за коронавирусот

Професор на Универзитетот Питсбург, кој бил на прагот на „многу значајни наоди“ истражувајќи го Ковид-19, бил убиен при наводно убиство и самоубиство минатиот викенд.

Професорот истражувач, идентификуван како д-р Бинг Лиу, бил пронајден пред неговата куќа во саботата со рани од огнено оружје на главата, вратот, трупот и екстремитетите, објавила полицијата, пренесува Си-Ен-Ен.

Според досегашните наоди на полицијата, друг маж, кој бил пронајден мртов во автомобил, пукал и го убил Лиу во неговиот дом, пред да се врати во автомобилот и да изврши самоубиство.

Полицијата верува дека мажите се познавале, но истакнале дека постојат „нула индикации дека професорот е убиен само поради тоа што е Кинез“, изјавил детективот Брајан Кохлхип.

Универзитетот Питсбург објави соопштение по повод смртта на професорот и изрази длабоко жалење за неговата смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот