ФОТО | Убиен познатиот лав Снигве, „кралот на Серенгети“

Лавот познат како „Кралот на Серенгети“ е убиен од неговите ривали.
Туроператорите и посетителите на националниот парк му оддадоа почит на интернет на „легендарниот“ Боб Јуниор, познат и како Снигве. „Фотогеничниот“ и „најкул“ во Серенгети, Боб Јуниор имаше застрашувачка репутација меѓу своите ривали и владееше седум години со помош на својот брат Тригве. Се верува дека тие биле убиени од помлади ривали.

„Тие сакаа да го соборат Боб Јуниор. Овие инциденти обично се случуваат кога главата на глутницата ќе остари или понекогаш кога другите машки лавови не се задоволни од неговата контрола над голема територија. Се претпоставува дека и неговиот брат ја доживеал истата судбина, но сè уште истражуваме“, рекол за „Би-би-си“ службеникот за заштита на природата во Серенгети, Фреди Ширима, додавајќи дека двајцата биле убиени во одвоени, но наизглед координирани напади.
View this post on Instagram
Некои заштитници на природата рекле дека Боб Јуниор, за кој се сметаше дека има околу 10 години и го добил името по неговиот татко Боб Марли, уживал во неговиот популарен статус бидејќи секогаш бил лесно забележлив.
Боб Јуниор наводно не се борел кога бил нападнат и убиен во саботата. Официјалните лица за заштита на дивите животни подготвуваат посебен погреб, а датумот допрва треба да биде објавен. Серенгети во северна Танзанија е дом на околу 3.000 лавови и е популарен меѓу локалните и странските туристи.
