Убиен потпретседател на фудбалски клуб во Боливија! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) - Слободен печат
СпортФудбал

Убиен потпретседател на фудбалски клуб во Боливија! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Потпретседателот на боливискиот фудбалски клуб Блуминг, Нелсон Муриел Алварез, беше убиен во градот Санта Круз, мотивите не се уште познати.

Двајца мажи на мотоцикл се водат како осомничени за убиството на Муриел Алварез, еден од нив е уапсен, при бегството доживеал несреќа, а според локалната полиција, станува збор за колумбиски државјанин.

Во раните утрински часови бил заедно со уште еден клупски раководител кој пак доби четири рани куршуми во ногата и раката, моментно се опоравува во медицински центар.

Секретарот на Фудбалската асоцијација, Ноел Монтањо потврди дека жртвата е потпретседателот на Клуб Блуминг, Нелсон Муриел Алварез.

Освен што ја водеше и ваквата функција, Алварез беше и сопственик на компанија посветена на увоз за ткаенини и производство на спортска опрема.

Екипата на Блуминг е петкратен шампион, со учества во реномирани КОНМЕБОЛ натпреварувања како „Копа Либертадорес“ и „Копа Судамерикана“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close