„Убиецот од Голден Стејт“: Поранешен полицаец признал 13 убиства, речиси 50 силувања и над 120 кражби (ВИДЕО)

Бивши американски полицаец, кој се претвори во сериски убиец познат како „Убиецот од Голден Стејт“, признал 13 убиства, како и за силувања и упади во домови во Калифорнија во 1970-тите и 1980-тите, јавуваат американските медиуми.

Џозеф Де Анџело (74) се изјасни за виновен според договорот со обвинителите што го штитат од смртна казна, во замена за признавање на сите злосторства што ги сторил во 11 окрузи на Калифорнија. Според договорот тој се соочува со доживотен затвор без можност за условно ослободување.

Обвинителите рекоа дека спогодбата имала за цел да се осигури дека многу преживеани, како и семејства на жртвите, сведоци и истражители, видат решение за случајот.
ДеАнџело, облечен во портокалова затворска облека, на сослушувањето седел без израз во инвалидска количка.

Покрај 13 убиства и киднапирања, обвинителите рекоа дека Де Анџело е познато дека извршил скоро 50 силувања и повеќе од 120 кражби.

Злосторничката серија, која траела од 1975 до 1986 година, ја започнал како полицаец во два града во Калифорнија. Тој беше уапсен во 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот