Убиецот на Роберт Кенеди избоден во затвор во Сан Диего

Фото: Профимедиа

Сирхан Сирхан, кој поради убиството на братот на некогашниот американски претседател и сенатор Роберт Кенеди служи затворска казна, бил хоспитализиран, откако друг затвореник го избодел со нож во затворот во Сан Диего.

Американското одделение за казни и рехабилитација соопшти дека чуварите брзо реагирале и го пронашле затвореникот со повреди од убод од нож, пренесува „Ен-Би-Си“.

„Тој е префрлен во болница надвор од затворот и моментално е во стабилна состојба“, стои во соопштението.

Функционери соопштија дека наводниот напаѓач бил идентификуван и изолиран од останатите затвореници, како и дека се очекува понатамошна истрага.

Сирхан Сирхан (75), бегалец од Палестина, на 5.јуни 1968 година пукаше во Роберт Боби Кенеди, во кујната од хотелот „Амбасадор“ во Лос Анџелес, откако тогашниот сенатор од Њујорк прогласи победа на изборите во Демократската партија во Калифорнија одржани претходниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот