Убиецот на Аркан бара да биде пуштен од притвор, судот во април ќе одлучи за екстрадиција во Србија

На Добросав Гавриќ за кого Србија распиша потерница бидејќи беше правосилно осуден на 35 години затвор заради убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан, Миленко Мандиќ и Драган Гариќ во хотелот „Интерконтинентал“ во јануари 2000 година, повторно му беше одбиена молбата да биде пуштен од притвор.

Доброслав Гавриќ / Фото: EPA PHOTO/EPA/STRINGER

Според наводите на Дејлимаверик, во април би требало да се знае конечната одлука дали тој ќе биде екстрадиран во Србија, пренесува Објектив. Гавриќ веќе е 10 години зад решетки и цело време води правна битка за да не биде екстрадиран во Србија.

– Уапсен е во март 2011 година како Саша Ковачевиќ, целосно непознат за јавноста. Меѓутоа, подоцна таа година после убиство на водач на подземјето во Кејптаун, било јасно дека станува збор за бегалец. Тој тогаш бил ранет, а во автомобилот бил пронајден кокаин, заради што бил уапсен. Кога му земале отисоци од прсти, било јасно за кого станува збор, наведува Дејлимаверик.

Минатиот месец судот во Кејптаун одби да му одреди кауција и да го пушти. Во барањето тој навел дека здравствената состојба му е сериозно нарушена, но и дека сака да и помогне на сопругата во одгледување на нивните деца. Тој вети дека нема да бега од Јужноафриканската Република, тврдејќи дека тоа е државата каде живее неговата фамилија.

– Во целост е разгледано неговата здравствена состојба, како и фамилијарните врски и имотот, наведе судот во Кејптаун, образложувајќи ја одлуката донесена на 14 јануари, да не му овозможи да се брани со слобода.

Извор: Телеграф.рс

ФОТО | И по 21 година, убиството на Аркан останува мистерија: Неговиот убиец со години се крие во Јужна Африка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот