Уби бремена жена и ги задави ќерките за да биде со љубовницата

Додека издржувал доживотна казна затвор за убиство на неговата бремена сопруга и двете ќерки, татко од Колорадо и пишувал писма на својата љубовница, за која ги извршил овие брутални злосторства.

Кристофер Крис Вотс беше осуден за убиството на сопругата Шанан и ќерките Селест (3) и Бела (4), а тој ги извршил злосторствата за да може да започне нов живот со својата љубовница Никол Кесингер, пишува „Дејли меил“

Тој ги фрли нивните тела на далечно поле со нафта во август 2018 година, а сега отслужува неколку доживотни затворски казни во затвор во Висконсин.

Три години откако Никол исчезна и го смени идентитетот, повторно стапи во контакт со убиецот. Имено, Вотс тврди дека неговата љубовница под ново име му пишала во затвор, а тоа им го открил на медиумите неговиот цимер Дејвид Картер.

„Ми кажа како му напишала дека сака да разговара со него за да можат да се решат некои работи“, рече Картер.

Нивната љубовна врска заврши еден месец пред Вотс да биде прогласен за виновен за убиството на семејството.

Врската започнала додека сопругата и децата на Крис биле на одмор во текот на летото.

После тоа, Шанан отиде на кратко службено патување, а кога се врати дома на 13 август, Кристофер веќе ги задави своите ќерки со голи раце.

Во 2019 година, Вотс рече дека тој сè уште ја сака својата љубовница и дека таа му пишува под ново име.

– Тој не треба да има никаков контакт со неа, но таа продолжува да му пишува – рече неговиот цимер.

Неколку недели пред Вотс да го убие своето семејство, Никол пребаруваше венчаници на Интернет, додека полицијата на неговиот телефон пронајде фотографии од кои таа е гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот