Убедливи триумфи на Манчестер сити и Кристал Палас за пласман во полуфиналето во ФА купот

Убедлив триумф на Манчестер сити /фото: EPA-EFE/VINCENT MIGNOTT

Фудбалерите на Манчестер сити обезбедија пласман во полуфиналето на ФА купот по победата од 4:1 над Саутемптон.

„Граѓаните“ поведоа уште во 13 минута со голот на Рахим Стерлинг, откако две минути Армстронг ја погоди стативата и пропушти да му донесе водство на Саутемптон.
Тоа што го пропуштија на почетокот од мечот, домашните фудбалери се израдуваа на гол во 35 минута откако по нафрлањето на Елјонуси, Ејмерик Лапорт си ја смести топката во сопствената мрежа.

„Светците“ одолеваа на нападите на фудбалерите на Манчестер сити до 61 минута кога судијата Мајк Дин досуди пенал за „граѓаните“ по прекршокот над Жесус од страна на Салисус. Сигурен реализатор на пеналот беше Кевин де Брујне. На 3:1 зголеми Фил Фоден во 75 минута, а победата ја завери Ријад Марез само три минути подоцна.

Пласман во полуфиналето обезбеди и Кристал Палас кој со 4:0 го декласира Евертон. Дилемите околу победникот беа решени во првото полувреме кое му припадна на Палас со 2:0 и тоа благодарение на головите на Мајкл Гуехи во 25. и на Матета во 41. минута. Во второто полувреме, Заха и Хјуз ја потврдија убедливата победа на Кристал Палас и пласманот во полуфиналето на ФА купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот