Убедливата на победа на Сити ја засени срамниот транспарент

EPA-EFE/Shaun Botterill

Вчерашната победа на Манчестер сити од 5:0 над Барнли ја засени транспарентот кој беше прикачен на авион кој го прелета „Етихад“ во моментите кога фудбалерите на двете екипи клечеа како поддршка за борбата против расизмот.

EPA-EFE/Shaun Botterill

На авионот беше прикачен транспарент „Белите животи се важни Барнли“, а „акцијата“ ја организираа навивачите на Барнли.

„Клубот, во соработка со полицијата, ќе се обиде да открие кој е одговорен за тоа што се случи. Нашиот клуб нема никаква врска со тоа и сакаме да биде јасно на сите. Ова е слоган што навреди многумина и навистина го посрамоти нашиот град и клубот. Се извинуваме на сите заради тоа и ќе се обидеме да откриеме што е можно поскоро кој стои зад тоа“ стои во соопштението од Барнли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот