Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Убедлива победа против Спарс: Пелистер поблиску до плеј-офот во АБА2 лигата

Кошаркарите на Пелистер се вратија на победите во АБА2 лигата и направија голем чекор кон пласманот во плеј-офот откако денес славеa победа против Спарс Илиџа од БиХ со 99:71.
Убедливата победа на битолскиот клуб беше остварена најмногу поради одличното шутерско шоу. Имено, „пелистерци“ погодија 13 тројки што е најмногу за нив сезонава во АБА2 лигата.
Босанскиот тим беше подобар во првата четвртина кога предводени од Лука Мајсторовиќ кој постигна 12 поени водеа со 28:23. Меѓутоа во продолжение Пелистер со одличната игра на Карутер, Караџовски и Хаџифејзофиќ ја презема контролата. Брзо се разиграа и го свртеа резултатот, па на паузата веќе водеа со 38:51.
Најдобриот период за Пелистер беше третата четвртина, па предноста беше и над 20 поени. Во последната четвртина се влезе со предност од 77:56, па така веќе беше решено прашањето на победникот. Последната четвртина беше само формалност и можност за атракции на битолскиот клуб.
Карпентер беше најефикасниот со 23 поени, Караџовски постигна 22, а Карутерс 19. Мајсторовиќ се истакна на спротивната страна со 16 поени.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
37мин
-
1час
-
2час
-
12час
-
12час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5