Убедлива победа на ЖРК Ѓорче Петров во Европскиот Куп против Тиват

Фото: ЖРК Ѓорче Петров

Женскиот ракометен тим на Македонија Ѓорче Петров скоро и да се пласираше во третата фаза од Европскиот Куп откако денес против Тиват славеа убедлива победа од 43:22.

Со овој триумф македонскиот претставник се стекна со одлична предност за реваншот кој се игра во Тивар.

Рамноправни минути во денешниот натпревар беа само почетните, а во втората половина од првиот дел ѓорчепетровки се одлепија и имаа предност од 10 разлика на полувреме (20:10).

Во второто полувреме Ѓорче Петров играше уште поагресивно и само прашање беше со колкава разлика ќе слави. Реваншот е закажан за 1. октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот