Убедлива победа на Јоханис на претседателските избори во Романија

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Клаус Јоханис е реизбран за претседател на Романија, откако оствари убедлива победа во вториот круг против лидерката на Социјалдемократската партија Вјорика Данчила.

Според 88 проценти од преброените гласови, Јоханис освои 63,2 проценти од гласовите, а досегашната премиерка Данчила 36,8 проценти.

– Романија победи ! Денеска победи европска, нормална Романија ! Романците се херои на денот. Тие излегоа да гласаат во импресивен број …, изјави Јоханис од седиштето на Националната либерална партија, по објавувањето на излезните анкети кои ја прогнозираа неговата победа.

Јоханис (60), кој пред да влезе во политиката беше професор по физика во средно училиште, рече дека победата ја прифаќа со „радост, благодарност, скромност и верба во Романија”.

Излезноста во вториот круг изнесуваше 49,87 проценти, што претставува намалување од 53,17 проценти колку што гласаа во 2014 година.

– Сега, по оваа победа, има многу работи што треба да се направат, многу работи треба да се поправат. Ова е значаен пораз за Социјалдемократската партија, но мора да бидеме реални. Освоивме важна битка, но војната допрва треба да се победи. Мора да гласаме и на локални и парламентарни избори, рече Јоханис.

Јоханис рече дека само откако Социјалдемократската партија ќе биде испратена во опозиција, ќе биде можно да се направи она што го бараа Романците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот