Убедлив триумф на Вардар пред пресметката со ППД Загреб

Анте Гаџа беше најпрецизен во победата на Вардар над Радовиш/ фото: Слободен печат-Драган Митрески

Ракометарите на Вардар остварија убедлив триумф од 37:20 над Радовиш во рамки на 13 коло во Суперлигата.

Ова воедно беше 12 триумф за „црвено-црните“ во домашниот шампионат, а претставуваше загреваше за натпреварот во Лигата на шампионите против ППД Загреб кој може да се покаже како одлучувачки за пламсан во осминафиналето.

Најдобар кај Вардар беше Анте Гаџа со седум постигнати голови, додека Тимур Дибиров даде шест гола, а кај Радовиш се истакна Постолов со пет гола.

Ракометарите на Бутел против вториот тим на Еурофам Пелистер дојдоа до петтата победа по ред во Суперлигата и се наоѓаат на третото место на табелата. Бутел славеше со 29:21, и тоа благодарение на Мајиќ кој даде осум и Младеновски со шест гола, додека кај Е. Пелистер 2 се истакна Петровиќ со седум постигнати голови.
Охрид без проблеми со 29:18 славеше над Струга, додека Пролет со 34:26 го совлада Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот