Убедлив триумф на Лејкерс на стартот од финалето на Западот (ВИДЕО)
Лос Анџелес Лејкерс славеа со 126:114 во првиот натпревар од финалето во Западната конфернција против Денвер нагетс.
Главниот фаворит за титулата во НБА лигата, ЛА Лејкерс со лесна победа ја започна серијата против Денвер.
Првата четвртина помина во израмнета игра, а ја доби екипата на Денвер (36:38) благодарение на поените на Џамал Мареј со звукот на сирената и навестуваше убедлив пораз за тимот од Колорадо.
Но, во втората веќе работите станаа појасни и токму во неа беше одлучен победникот. Лејкерси на стартот со вториот направија серија од 16:1 и дојдоа до двоцифрена предност која да крајот не ја испуштија.
Вториот голем удар за Денвер, Лејкерси го зададоа во третата четвртина кога предноста се зголеми на повеќе од 20 поени што значеше крај на надежите за Денвер за изненадување.
Прво име на наптреварот беше Ентони Дејвис со 37 поени и 10 скокови, Леброн Џејмс постигна 15 поени и 12 асистенции, Колдвел Поуп уфрли 18 поени, додека Ражон Рондо имаше девет асистенции и го помина Мајкл Џордан на 10. место на веќната листа на најдобри асистенти во плеј-офот.
Во редовите на Денвер се истакнаа Мареј и Никола Јокиќ кои дадоа по 21 поен, а Мајк Портер јуниорс беше третиот кошаркар кој натпреварот го заврши со двоцифрен број на поени, 13.