Убедлив старт на Работнички во полуфиналето

фото: МКФ

Екипата на Работнички поведе со 1:0 во победи против Блокотехна во кошаркарскиот плејоф, откако во СЦ „Борис Трајковски“, триумфира со 87:79. Победата во полуфиналето, претставува еден вид одмазда за двата порази од Блокотехна во Суперлигата.
Дилемите околу победникот беа решени во третата четвртина во која Работнички направи серија од 13:2 со која дојде до недостижни за противникот 15 поени разлика (64:49).
Предводник на тимот од Градски Парк беше ветеранот Ѓорѓи Чековски со 25 посатигнати поени, додека голем удел во победата имаа уште и Бојан Крстевски со 21 поен, и Димитар Караџовски со 14 поени и 11 асистенции. Во редовите на Блокотехна, најрасположен за игра беше Данило Мјатовиќ со 19 поени.
Следниот натпревар од полуфиналната серија која се игра до три победи, се игра во вторник во Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот