Убедлив старт на Италија, Порторико во последната секунда до победата

фото: ФИБА

Селекцијата на Италија со висока победа од 46 поени разлика (108:62) го победи тимот на Филипини ги започна настапите на Светското првенство во Кина.

Амедео Дела Вале и Луиџи Датоме постигнаа по 17 поени, додека Данило Галинари уфрли еден поен помалку.

Успешен старт имаа и останатите фаворити, Полска, Порторико и Русија.
Полска со 80:69 ја совлада Венецуела, а најзаслужен за триумфот беше Михаел Соколовски со 16 поени и девет скокови.

Русија само со 82:77 ја совлада незгодната репрезентација на Нигерија, додека Порторико кој важеше за голем фаворит против Иран, до победата дојде во последните моменти од натпреварот.

Иако победија со 83:81, Порториканците мораа да надополнуваат негатива од дури 19 поени (25:44) од првото полувреме. Сепак, со поените на Хавиер Моха во последните секунди од натпреварот, Порторико успеа да победи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот