Убедлив пораз на „Металците“ во финалето

фото: мзт скопје аеродром

Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром го освои второто место на меѓународниот меморијален турнир „Антонио Алексе” во Романија. Подобар од „металците“ кои одиграа катастрофално во финалето, беше домаќинот на турнирот, Орадеа која славеше со убедливи 97:64.

Дилемите околу победникот беа разрешени уште по првата четвртина која кошаркарите на Орадеа ја добија со 38:17, додека разликата на полувремето беше уште поголема (63:34).
Џабари Хиндс со 21 поен беше најпрецизен кај МЗТ Скопје, Нуни Омот постигна 12 поени, Марин Морнар беше стрелец на осум.

Следниот предизвик во подготовките за новата сезона за МЗТ Скопје ќе биде двомечот против уште една романска екипа, Крајова. Натпреварите ќе се одиграат на 16 и 17 месецов во салата „Јане Сандански“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот