Убедлив пораз на фудбалерките во вториот натпревар против Црна Гора

Фото: ФФМ

Женската фудбалска репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз во вториот контролен натпревар против Црна Гора во Скопје.

На втората контролна пресметка помеѓу овие две репрезентации, Црна Гора забележа победа со 5:1 Единствениот погодок за нашата селекција беше дело на Јилза Максути. Пред три дена во првиот дел Македонија славеше победа од 3:2

Нашата најдобра женска репрезентација на 21. февруари против Косово на домашен терен го започнува настапот во новото, второ по ред издание на Лигата на Нации 2025 година.

Покрај Македонија и Косово, во групата 6 од Ц дивизијатас се наоѓа и селекцијата на Летонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот