Убеден сум дека ќе го свртиме резултатот, вели бугарскиот претседателски кандидат Герџиков

Бугарија, претседателски избори, Анастас Герџиков
Анастас Герџиков во предизборната кампања / фото: ЕПА/ЕФЕ

Независниот кандидат за претседател на Бугарија, поддржан од ГЕРБ, професорот и ректор на Софискиот универзитет, Анастас Герџиков, изјави дека ја постигнала главната цел, да има втор круг на претседателските избори.

Герџиков рече дека втората цел е да се намали големата разлика со двоецот Радев – Јотова од почетокот на кампањата.

– Разликата од 30 проценти која беше голема, сега е помала и се надеваме дека следната недела ќе се израмниме, посочи Герџиков.

Тој додаде дека за бугарските граѓани, победници ќе бидат оние кои ќе успеат да состават нова бугарска влада.

Герџиков ги повика лидерите на политичките сили да вложат максимални напори за формирање на влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот