Убавите луѓе се посреќни во љубовта, дали е вистина или заблуда?

Убавите луѓе се посреќни во љубовта, полесно наоѓаат партнер, нивните врски се подолготрајни. Дали е тоа така или во прашање се предрасуди?

Главно, станува збор за предрасуди, иако, секоја предрасуда е втемелена на некои искуства.

Убавите жени помалку патат во љубовта

Постојано се полемизира дека убавите жени помалку патат кога е во прашање љубовта и дека полесно ги пронаоѓаат новите партнери. Многумина мислат дека непривлечните жени потешко ја пронаоѓаат љубовта на својот живот. Сепак, вистината е многу поинаква. Убавите луѓе не мораат гарантирано да имаат среќа во љубовта.

Убавите луѓе имаат повеќе партнери

Интересно е дека истражувањата покажуваат дека атрактивните луѓе имаат многу повеќе партнери во текот на животот. Меѓутоа, тоа е поврзано и со траењето на нивните врски бидејќи е докажано дека нивните врски траат пократко и дека во текот на врската имаат разни проблеми, како опсесија, љубомора и контролирање. И колку и да се трудат, атрактивните луѓе често налетуваат на погрешни партнери кои влијаат на нивната иднина и им создаваат емотивни проблеми.

Луѓето во долги врски нека „заборават“ на својата убавина

Кога ќе ја пронајдат сродната душа, луѓето кои ги сметаме за убави мораат да се откажат од предностите кои им ги пружа убавината. За да не би имале проблеми со љубомората, многу луѓе со атрактивен изглед не се потпираат толку на убавината, туку се трудат да ја прикријат и да истакнат други особини. Поголеми цели во животот, на работа, ќе бидат остварени со поголем труд, а не со помош на убавината.

Предрасудите многу влијаат на нас

Поради предрасуди, често живееме во лаги. Лесно е да привлечеш внимание, но не е лесно да го задржиш. Често може да се слушне дека многу жени успеале во животот само благодарение на својата убавина. Можеби тоа е точно. Исто така е точно дека многу убави жени морале двојно повеќе да се трудат за да докажат и да ги покажат своите вистински квалитети. Убавината секогаш била меч со две острици кога се во прашање кариерата и љубовта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот