Убавините на нашата земја промовирани на саем во Римини

Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и во соработка со приватниот сектор туристичките дестинации на Република Северна Македонија во период од 9. до 11. октомври ќе се промовираат на саемот за туризам во Римини, Италија.

Туристичкиот сектор од Северна Македонија меѓу кои и Балкан Прајм Турс, Мацедонија Холидејс, Бохемија, Мото клуб Вепар, Мак Сан Травел, Ресторан Острово, детектираa значаен интерес кај италијанските бизнис субјекти, претставувајќи ја земјава како привлечна и потенцијална дестинација која нуди можности за соработка и вмрежување на туристичките фактори меѓу овие две земји.

Преку прилагодена туристичка понуда ги презентираат туристичките капацитети кои ги има земјава, истата е насочена кон недопрената природа, богата култура и можностите за селективни, алтернативни форми на туризмот, а се во интерес на италијанскиот пазар.

Туристичките блогери и оваа година се со голем интерес за посета на нашата земја, а истите се многу значајни за пазарите во развој, изнесувајќи го уникатното и највредното од земјата, со што влијаат на изборот на дестинација кај италијанските туристи. Истите беа поканети да го искусат и доживеат автентичното и локалното од Северна Македонија, преку организација на информативни патувања низ земјава.

„TTG Travel Experience“ е главен саем за туризам на туристичкиот пазар во Италија, место за преговарање и вмрежување помеѓу меѓународната понуда и побарувачката на туристички производи. Саемот во Римини е исклучиво B2B настан. Тоа е единственото место во Италија каде излагачите можат да ги сретнат сите главни италијански туристички агенции и тур-оператори, да остварат деловни контакти и развиjат понатамошен успешен бизнис.

На 55-тата интернационална бизнис туристичка манифестација во Римини својата туристичка програма ја претставуваат над 150 туристички дестинации, учествуваат над 2.550 изложувачи од 90 земји, 750 новинари, 300 блогери и повеќе од 72.662 посетители. Овие факти и бројки кажуваат за големината и важноста од учество на еден од најголемите бизнис туристички настани во Европа и светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот