10.8 C
Скопје

Убави зборови од Вавринка, Ѓоковиќ е најкомплетниот тенисер на денешницата

Швајцарскиот тенисере активен на социјалните мрежи додека се наоѓа во самоизолација.

Станислас Вавринка секојдневно се дружи со своите фанови преку социјалните мрежи додека се наоѓа во карантин и без воздржување одговара на сите нивни прашања.

Едно до најинтересните прашања предизвика искрен одговор од Швајцарецот кој во кариерата има три грен слем титули: Кој е најкомплетниот тенисер на денешницата?

Фановите сметаат дека Вавринка е еден од најкомпетентните тенисери кои може да даде одговор на ова прашање бидејќи многу пати има играно против Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Според Вавринка, тоа е Ѓоковиќ посебно кога станува збор за ретернот, менталитетот, психичката сила, одморот на телото и физичките предиспозии со што е во предност во однос на Федерер и Надал.

Изненадувачки, Вавринка на второто место не го стави својот славен сонародник туку Рафаел Надал пред се поради неговиот победнички менталитет.

Кај играта на Федерер, тој највеќе ги цени волејот и бекендот, но тоа според Вавринка не е доволно за да биде подобар од Ѓоковиќ и Надал.

Вавринка и Ѓоковиќ досега одиграа 25 натпревари во кои српскиот тенисер има дури 19 победи. Надал има 19 победи од 22 меѓусебни пресметки со Вавринка додека Федерер има скор од 23 победи и само три порази.

Поврзани вести

Кои се најпознатите прекари на фудбалерите: Трактор, психо, пирана, пират….

Слободен печат

Челси му се реваншира на Лестер за поразот во ФА Купот и го остави да виси за ЛШ

Слободен печат

Црвена звезда на чекор до титулата во АБА лигата, неверојатен натпревар во Белград

Слободен печат

Официјално: Бензема по шест години повторно во француската репрезентација

Слободен печат

ЕСПН ќе снима документарец за најомилениот кошаркар во НБА, „џинот“ Бобан Марјановиќ

Слободен печат

ВИДЕО: Голчиштето на Кавани недоволно за победа на Јунајтед, нов триумф за Алиоски и Лидс

Слободен печат

Остави Коментар