Убави зборови од Шевченко: Македонија има добра екипа, видовте што и се случи на Германија

epa08742266 Head coach Andriy Shevchenko (C) of Ukraine celebrates his team?s victory with Yevhen Makarenko (L) after the UEFA Nations League group stage, league A, group 4 soccer match between Ukraine and Spain in Kiev, Ukraine, 13 October 2020. EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Андриј Шевченко, селекторот на Украина, репрезентанција која во второто коло ќе игра против Македонија на Евро 2020, со одбрани зборови коментираше за избраниците на селекторот Игор Ангеловски. Шевченко вели дека неговите фудбалери нема да ја потценат Македонија која е квалитетна репрезентација.
– Македонија има многу добра екипа и тоа го потврди во квалификациите на патот до ова ЕП, но и на квалификациите за СП 2022 кога сите видоа што и се случи на Германија. Македонија никако не смее да се отпише од битката за место во следната рунда, бидејќи има многу квалитетни фудбалери кои можат да одиграат добар натпревар. Нашата цел е јасна – да се пласираме во нокаут-фазата, но знаеме дека нема да биде лесно. Во нашата група има еден главен фаворит – Холандија, но тука е и Австрија, уште една репрезентација што игра квалитетен фудбал – изјави Шевченко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот