Убави зборови од Руни за „граѓаните“, критики за сер Алекс Фергусон

Вејн Руни е најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед/Фото: EPA/PETER POWELL

Поранешниот капитен на Манчесѕер јунајтед во колумна за весникот „Тајмс“ пишува дека Манчестер сити нема да има подобра шанса за да ја освои Лигата на шампионите.

Вејн Руни го гледа тимот на Манчестер сити како еден од фаворитите за освојување на Лигата на шампионите, а изненадувачки упати критики кон својот поранешен тренер во Јунајтед, сер Алекс Фергусон.

Манчестер сити нема да има подобра шанса од сега за да ја освои Лигата на шампионите. Серхио Рамос е суспендиран што е огромен пех за Реал Мадрид и мислам дека Сити ќе даде некој гол во реваншот. Единствено се прашувам колку Манчестер сити е добар во одбраната, Реал ќе ги напаѓа нивните штопери. Видов како Зинедин Зидан работеше во првиот мандат на клупата на Реал против екипите кои играат сличен стил каков што негува Гвардиола и тоа му донесе успех. Но, доколку се обложувам тогаш парите ги ставам на Сити, не мора да бркаат резултат и гол, и со пораз од 0:1 ќе одат понатаму“, пишува Руни.

Поранешниот англиски репрезентативец има пофални зборови и за Кевин де Брујне кого го смета за еден од најдобрите тројца фудбалери.

twitter/Premier League

„Нема сомнежи дека Де Брујне е најсилното оружје на Сити. Кевин е еден од најдобрите тројца фудбалери во овој момент, никогаш не било лесно да се игра против него. Малку ме потсетува на Стивен Џерард, ќе се помести во десно и ќе испрати брилијатни топки во шеснаесетникот како што правеше Стиви. Ми се допаѓа што ризикува“.

Интересно, Руни во последната колумна за „Тајмс“ го критикување најтрофејниот тренер во историјата на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон и открива дека најдобар тренер со кој работел на „Олд трафорд“ е Луис Ван Гал.

„Загубивме во две финалиња во ЛШ бидејќи сакавме да се надигруваме со Барселона кога беше предводена од Пеп Гвардиола. Сакавме да ги притиснеме високо со пресинг, а тоа беше самоубиство. Се сеќавам кога дека сер Алекс Фергусон ни зборуваше дека ние сме Манчестер и мора да напаѓаме, дека тоа е во културата во нашиот тим, а јас си помислив: Не сум бас толку сигурен дека тоа е вистинската тактика против Барселона. Мислам дека сите играчи знаеја оти тоа е погрешен пристап. Затоа мислам дека Ван Гал беше подобар тренер, ја менуваше тактиката во зависност од противниците“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот