Убави вести од Италија: Бебе се опорави од коронавирусот како и целото семејство

Фото: Профимедиа

Еден од првите и најмлади пациенти заразени од вирусот Ковид – 19 во Италија, едногодишник од Долината Аоста, се оправи од тој вирус.

Детето од местото Понтеј, во близина на италијанската граница со Франција и членовите на неговото семејство се меѓу првите заразени случаи во тој регион, додавајќи дека неговата мајка, како и бабата и дедото се исто така излечени.

Во Италија од почетокот на кризата со коронавирусот бројот на позитивни случаи надмина 119.000, а тој вирус однесе над 14.000 животи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот