Убава вест за работодавачите: Ќе добијат помош за плати за февруари и за март одеднаш

Најдено е аманадманско решение за тоа како да им се исплати помошта за плати на работодавачите за февруари, најави министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој рече дека во Законот за финансиска помош за плати ќе се интервенира со амандман, така што до 15 април, со една апликација ќе се бара помош и за февруари и за март.

– Штом ќе се изврши гласањето во Собранието, работодавачите веднаш може да аплициираат и веднаш ќе ги добијат парите. УЈП е подготвена и со една паликација ќе се добие помош и за февруари и за март – рече Бесими.

Според податоците од УЈП, февруарска плата не добиле речиси 17.000 работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот