15 C
Скопје

Убава вест за работниците: Оставените без плата, барем може да се лекуваат

Вработените кои од разни причини не примиле плата во законскиот рок, со здравствено осигурување се покриени во наредните 60 дена. Поедноставно, ако, февруарската плата требаше да се исплати до 15 март, здравственото осигурување е возможно до 15 мај. А доколку платата не стигне и по истекот на овие два месеци, а работникот има потреба да оди на лекар, тој може да ги плати приватно и услугата и лековите и со сметката да појде во Фондот за здравстено осигурување, за да добие поврат на средствата. Надлежните предупредуваат дека, ваквата толеранција не ја оправдува евентуалната, идна комоција на работодавачите, но барем малку треба да внесе мир кај работниците во време на тешката здравствено-економска криза.

Ирфан Лимани од Фондот за здравствено осигурување за „Слободен печат“, објаснува дека ако им доцни платата еден месец, граѓаните имаат здравствено осигурување во рок од 60 дена. Тоа е системски и ги опфаќа сите здравствени услуги.

-Има компании, кои и по истекот на тие два месеци не уплатиле здравствен придонес и тоа може да се случи од разни причини. Тогаш, граѓаните кои имаат потреба да одат на лекар, услугата и лековите ги плаќаат приватно, а со фискалните сметки или со сметкопотврда треба да дојдат во Фондот и парите ќе им бидат вратени – додава Лимани.

Според  Правилниот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, за осигурените лица за кои Фондот ќе утврди дека придонесот не е редовно уплатуван или уплатата задоцнила повеќе од 60 дена, правата од задолжителното здравствено осигурување се ускратуваат, освен правото на итна медицинска помош. Ускратените права повторно се воспоставуваат со денот на намирувањето на сите пристигнати, а не уплатени обврски, велат од ФЗО.

Поврзани вести

Нова скандалозна порно-група со слики и видеа: На Телеграм се појави „Перверзии на Балканот“

Слободен печат

Лајчак: Несомнено за Косово, успех во дијалогот значи да се стане земја кандидат за ЕУ

Слободен печат

Германија, Шпанија и Франција заедно ќе развијат нов борбен авион

Слободен печат

Регионален ковид-19 пресек: Мал пад на бројот на нови инфекции

Слободен печат

Бугарски брачен пар заврши зад решетки во Германија: Продавале новороденчиња во Грција

Слободен печат

Маск: Старлник услугата ја нарачаа половина милион луѓе

Слободен печат

Остави Коментар