Убава најава од УЕФА, од следната сезона фудбал ќе се игра пред полни стадиони

epa09236094 Players of Chelsea celebrate with the trophy after winning the UEFA Champions League final between Manchester City and Chelsea FC in Porto, Portugal, 29 May 2021. EPA-EFE/Jose Coelho / POOL

Финалето во Лигата на шампионите покажа дека фудбалот повторно може да се игра пред публика, а доколку и на претстојното Европско првенство се помине во најдобар ред, тогаш од следната сезона стадионите ќе бидат исполнети до последно место, најави првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин.

– Знаевме дека играњето без гледачи е досадно, па враќањето на публиката на стадионите предизвика силни емоции кај сите – рече Чеферин, коментирајќи ги настаните на „Драгао“ стадионот во Порто каде Челси и Манчестер сити го играа финалето во ЛШ и се помина во најдобар ред.
– Тој натпревар покажа дека полека се враќаме во нормала и доколку на ЕП се се одвива како што треба, и доколкусе прашувам јас, од есен стадионите повторно ќе бидат полни – додава Чеферин.

Што се однесува со ЕП и присуството на навивачи на трибините, првиот човек на УЕФА укажа на неизвесности кога станува збор за натпреварите кои треба да се играат во Велика Британија и Германија.
– Германија и Велика Британија се проблематични поради новиот сој на коронавирус па поради тоа без карантин ќе биде тешко или речиси невозможно да се патува посебно во Германија. За среќа,состојбите се менуваат од ден во ден и ќе видиме што ќе биде до почетокот на Евро 2020. Освен Германија, мали проблеми има и во Шкотска, додека во останатите градовите и држави се се одвива според предвиденото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот