Убава како мама: Ова е ќерката на Хурем Султан која ја одгледува сама! (ФОТО)

Профимедиа

Актерката Мерием Узерли (36), најпозната по улогата како Хурем Султан во турската серија „Величествениот“, сподели фотографии со нејзината ќерка.

Симпатичното селфи беше објавено од Мерием на нејзиниот блог и успеа да ги трогне своите фанови.

Фото: Инстаграм

„Кои убавици“, „Убави девојки“, „И мајката и ќерката се многу убави“, „Малата Александра Анастасија Лисовска султан“, „Малата Мерием“, „Колку многу личи на мама“, „Прекрасна како нејзината мајка“, „ Ги има очите на мајка ѝ “,„ Вие сте мојата омилена актерка “,„ Многу убава и природна мајка “…, се некои од коментарите од нејзините најверни обожаватели.

Убавицата по име Лара Џемине е родена на 10 февруари 2014 година. Нејзината мајка ја воспитува сама.

Фото: Инстаграм

Сега актерката и нејзината ќерка Лара живеат во Германија, а од време на време ѕвездата се враќа во Турција. Мерим долго време беше русокоса, што не беше по желба на сите нејзини обожаватели, но подоцна се врати во боја поблизу до нејзината природна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот