Убав гест од навивачите на Лече, на ривалите им ги отворија своите домови!

фото:твитер

Одлучено е натпреварот од најсилното италијанско првенство да се одигра денеска со почеток од 15.00 часот.  Освен веста дека се одложи натпреварот на Апенините се зборува и за убавиот гест направен од страна на навивачите на Лече.

Вчерашниот дуел помеѓу екипите на Лече и Каљари требаше да се одигра во 20.45 часот, но беше одложен поради големите врнежи од дожд.

Неколку пати судијата заедно со капитените на двете екипи истрчаа на теренот да видат дали има услови да почне натпреварот, но тоа беше практично невозможно.

Имено, околку 250 навивачи на новиот прволигаш им ги отворија вратите на своите куќи на навивачите на Каљари, за да можат да преспијат, и да присуствуваат на денешниот натпревар, кој според последните информации со сигурност ќе започне од 15.00 часот.

На табелата во Серија А Каљари кој се наоѓа во победничка серија е на петтата позиција со 24 бодови, додека Лече кој веќе одамна нема вкусено триумф е на 17. место со 10 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот