Убав гест од КК Гостивар: Донирани средства на 12 семејства! (ФОТО)

facebook.com/kkgostivar

Првиот меч на КК Гостивар во првенството пред своите гледачи против Кожув беше од хуманитарен карактер.

Собраните средства од натпреварот беа искористени да им се испрати помош на оние лица што им е најпотребна.

– Собраните средства од хуманитарниот натпревар КК Гостивар – Кожув, денеска беа донирани на 12 семејства од Гостивар и околината на кои помошта им е најпотребна – информираа од КК Гостивар на Фејсбук.

Да потсетиме, на стартот од новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига, екипата на Гостивар на домашен терен триумфираше убедливо против гевгелискиот клуб Кожув со резултат 95:75.

Повеќе информации од останатите средби од првото коло во новиот кошаркарски шампионат можете да прочитате на следниот ЛИНК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот