Убав гест на Италијанецот, Анчелоти изненади фан на Евертон! (ВИДЕО)

фото: принтскрин/твитер

На овој искусен стручњак не му треба(ше) многу за да ги освои симпатиите на навивачите на Евертон и фановите ширум светот.

Именувањето на Карло Анчелоти на клупата на премиерлигашкиот клуб беше прифатено со одушеување, навивачите од Ливерпул не очекуваа такво големо тренерско име.

Евертон до прекинот на сезоната се наоѓаше на 12 позиција и скоро е сигурен опстанокот, а не се така далеку ниту позициите кои водат во Европа.

Анчелоти слободното време го искористи со цел да контактира со 52-годишен навивач на Евертон кој има болест на моторниот неврон и прашуваше за неговата состојба.

Информациите велат дека луѓето со таква болест се во поголем ризик од коронавирус. Затоа и менаџерот на Евертон апелира да се остане дома, да се чуваме и да го спречиме ширењето на коронавирусот.

– Здраво, Марк, како си, Карло е. Знам дека си навивач на Евертон – вели Анчелоти, а потоа одговори и Марк:

– Да, јас сум и ваш фан – рече возбудениот навивач и продолжи:

– Јас сум добро. Моментно гледам што има на Нетфликс. Доколку имаш некоја серија која би можел да ја погледнам…

Анчелоти му препочара да ја гледа серијата „Аутсајдер“. Целиот нивни разговор можете да го погледнете и слушнете на видео записот.

Воедно Италијанецот истакна дека беше задоволство да се зборува со Марк. Му посакува сè најдобро нему и на сите кои страдаат од COVID-19.

– Сила и храброст до сите. Ќе победиме и на овој натпревар – истакна Анчелоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот