Убав гест: Љуботен ќе го спасува Тетекс!

Фото: ФК Тетекс

Еден од најстарите македонски клубови ФК Тетекс се соочува со веројатно најтешките моменти од своето постоење, во прашање се доведуваше дури и понатамошното постоење на клубот, но сега пристигнува убава вест.

Најстариот македонски фудбалски клуб, ФК Љуботен ќе го преземе раководењето на клубот откако вчера актуелното раководство си поднесе оставка.

„На задоволство на сите љубители на фудбалот во Тетово, со особена чест и гордост, сакаме да објавиме дека раководството на ФК и ЖФК Љуботен, го превзема под своја капа и ФК Тетекс, со што своето семејство го проширивме со клуб, со 70 годишна традиција, која ќе продолжи по патеките на успехот.
На ФК Тетекс по турбилентниот период му е време за стабилизација, и враќање на старите победнички патеки. Заедно со навивачката група “Војводи”, решивме на задоволство на сите, клубот постепено да се врати таму каде што заслужува! Се надеваме дека успешната приказна на ЖФК Љуботен ќе ја продолжиме и во ФК Тетекс, и во клубот ќе го вратиме стариот сјај. За крај на сите искрени вљубеници во ФК Тетекс им порачуваме дека ФК Тетекс опстојува и ќе опстојува, а ние сме застанати на чело, најчесно да го стабилизираме и вратиме на старите патеки. Околу амбициите и плановите, новото раководство во текот на наредната недела ќе има и официјална прес, каде ќе бидете известени за нашите идни работи“, соопштија од раководството.

Акција за спас на Тетекс организираа и популарните „Војводи“. Во својата историја Тетекс има и две титули Куп на Македонија, а во овој момент се дел од втората лига во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот