УБ ВИДЕО | Роме: Неминовна е практична настава – компаниите во партнерски однос со учениците

Владимир Роме,, директор на средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола / Утрински брифинг

Битола денеска е во динамична форма во последната недела од предизборната кампања. Тоа што е карактеристично за Битола е дека таа е образовен, економски и енергетски центар, а во близината на неговата економска зона се наоѓа Кромберт и Шуберт, компанија која е дел и од на германскиот проект за дуално образование.

-Пред три години кога од делегацијата на германско стопанство се обратија до мене дали сме подготвени да влеземе во овој проект на дуално образование без размислување го прифатив тој проект, вели Владимир Роме, директор на средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола .

-Јас потекнувам од ова училиште, позната ми е техниката во целост и едноставно гледав прилика да направиме нешто интересно и за учениците и за бизнис секторот во градот… Кромберт и Шуберт е нашиот партнер во оваа зделка, на некој начин, и целта е секако поквалитетно образование, вели Роме.

Целта на дуалното образование е учење преку работа, дел од наставата се изведува во училиштето, а во втора, трета и четврта година практичната настава учениците ја работат во реална компанија.

-Тука учениците се стекнуваат со знаења поврзани со начинот на организирање на работата, а второ ќе го спознаат процесот на производство во реални услови, вели за УБ Владимир Роме – директор на средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот