16 C
Скопје

Уапсените полицајци и цивили на Косово добија 30-дневен притвор

Судот во Приштина им одреди 30 дена притвор на 30 полицајци и цивили што беа уапсени во операцијата на Специјалната полициска единица РОСУ на северот на Косово на 28 мај. Ова го потврди еден од бранителите на притворените, адвокатот Небојша Влаиќ.

Тој за порталот „Косев“ рече дека Основниот суд во Приштина по предлог на обвинителството донел решение за притвор за 30 лица, меѓу кои има 16 Албанци, 11 Срби и тројца Бошњаци.

За време на акцијата беа притворени 19 полицајци за злоупотреба на функцијата, организиран криминал, шверцувале, земање поткуп… Во текот на вчерашниот ден беа уапсени уште тројца припадници на полицијата. Сите се суспендирани од работните места.

Беа уапсени и десетмина граѓани што ја попречувале полициската акција, од кои шестмина беа пуштени да се бранат на слобода.

Прочитајте и...  Градоначалникот Богдановиќ се сретна со министерката Шахпаска

Поврзани вести

ЕУ воведе санкции за официјални лица во Иран: Техеран одговори со прекинување на соработката

Слободен печат

Американската амбасада во Сараево нема да шпекулира за наводни изјави за територијални поделби

Слободен печат

Дачиќ: Не бев близок со семејството Милошевиќ, но не бев предавник

Слободен печат

77-годишен могилчанец уапсен откако им се заканувал на соселаните со пиштол

Слободен печат

Лукаревска: Најостро демантирам дека Дејан Смилевски имал каква било допирна точка со МојДДВ

Слободен печат

Рашковски вози џип вреден 74 илјади евра кој не фигурира во неговиот анкетен лист

Слободен печат

Остави Коментар