Уапсени тројца уредници на главните белоруски независни медиуми во Минск

Фото: Stringer / TASS / Profimedia

Тројца уредници на главните белоруски независни медиуми се уапсени денеска во Минск, како и десетици други, на местото каде што требаше да започнат нови протести против претседателот Александар Лукашенко.

Попладнево, полициски возила и затворски комбиња го опколија плоштадот на кој требаше да се одржи протестот, а улиците кон плоштадот беа затворени.

Полицијата одведе десетици луѓе, според видеата на белоруските опозициски канали, а локални медиуми коментираат дека полицијата приведува и случајни минувачи.

Протести се одржуваа секоја недела во главниот град по реизборот на Лукашенко во август, за кои опозицијата тврди дека биле лажирани. По двомесечно затишје, лидерите на опозицијата на нови протести.

Белоруските власти претходно денеска предупредија дека сите демонстранти ќе бидат кривично гонети.

Повеќе од 34.000 лица се приведени од почетокот на протестите во август.

Лукашенко, кој е на власт 27 години, негира изборни измами и го обвинува Западот за поддршка на протестите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот