Уапсени тројца напаѓачи кои претепаа пензионер во Пула (ВИДЕО)

Во Загреб е уапсен третиот и последен маж кој полицијата го поврза со нападот на 77-годишен човек во Пула, соопшти полицијата, пренесуваат тамошните медиуми.

Полицијата во Пула вчера околу 11.50 часот примила повик од болницата дека повреден е маж, а потоа било утврдено дека непознати лица по вербална расправија, физички го нападнале 77-годишниот пензионер кој работел како чувар во кафуле.

Повредениот се здобил со тешки повреди, а полицијата успеала да ги уапси тројцата осомничени. Едниот бил уапсен во подрајчето на Пула, а другите двајца во подрачјето на Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот