Уапсени тројца кумановци кои се бореле за ИСИС

Тројца кумановци завршија зад решетки поради поврзаност со ИСИС, дознава Канал 5. Неофицијално, во голема полициска акција, утринава биле извршени три претреса во Куманово и еден во Скопје.

Од МВР единствено открија дека денеска биле уапсени три лица, но според полициски извори, акцијата се уште не е завршена, па повеќе детали се очекуваат утре.

Според непотврдени информации, лицата, кои претходно се бореле на страна на терористите во Сирија, откако се вратиле во Македонија регрутирале кадри, но и се подготвувале за изведување нови терористички напади. Кај нив биле пронајдени воена опрема и голема количина оружје, меѓу кое и автоматски пушки, како и елеци за самоубиствени напади и знамиња на ИСИС.

Прочитајте и...  Академија ФМП го изненади Куманово на стартот од првенството

Поврзани вести

На Клинички пренесен тешко повреден велосипедист

Слободен печат

Приведен 28-годишен маж во Чаир по распишана потерница

Слободен печат

Делчевец зад решетки, обљубил своја роднина

Слободен печат

ФОТО+ВИДЕО: Полицијата заплени над 15 килограми марихуана

Слободен печат

Тешко повреден велосипедист, возачот избегал од местото

Слободен печат

Ограбена црква во Тетовско

Слободен печат

Остави Коментар