Уапсени три лица од опкружувањето на напаѓачот врз полицајците во Кан

Полиција/ Фото: Профимедиа

Уапсени се три лица од опкружувањето на сторителот на нападот со нож врз полициска екипа пред полициската станица во Кан, јави дописникот на МИА.

-Тоа се негови блиски, еден од нив работел кај него, а друг го вдомил, изјавија полициски извор, додавајќи дека напаѓачот поседувал „мало градежно претпријатие”. Полицијата се обидува да ги разбере мотивите на сторителот.

Во понеделникот во 6:30 часот, 37-годишен алжирски државјанин избодел двајца од четворицата полицајци во полициско возило. Тие не беа повредени, заштитени со панцирните елеци. Нападот се случил на паркинг во полициската станица во Кан. Екипажот се подготвувал да оди во патрола кога бил нападнат, според првите елементи на истрагата. Првиот полицаец беше повеќепати погоден со нож. Обиколувајќи го возилото, напаѓачот потоа нападнал друга полицајка, исто така неколку пати избодена со нож.

Според јавното обвинителство Грас, напаѓачот бил „неутрализиран” од трет полицаец кој пукал. Четвртиот полицаец веќе во возилот пукал низ прозорецот на возилото. „Погоден двапати”, напаѓачот е пренесен во болничкиот центар во Ница и згрижен од хируршка екипа. Неговата животна прогноза повеќе не беше ангажирана вчера вечерта, соопшти обвинителството во Грас, кое е одговорно за истрагата. Националното обвинителство за антитероризам се уште не ја има преземна истрагата, но има улога на набљудувач во оваа фаза.

Извор: МИА

Видео на денот